More

    Џулија Робертс за петминутна улога во овој филм доби 14 милиони долари

    spot_img

    Џулија Робертс со години важи за една од најпопуларните холивудски актерки, а во 2010 година заработи голема сума за петминутна улога во позната комедија.

    Имено, зад себе има голем број награди, меѓу кои и Оскар за најдобра актерка во 2000 година, за филмот „Ерин Брокович“. Сепак, таа не само што беше добро платена за филмовите во кои ги играше главните улоги.

    Во 2010 година Џулија го снимила филмот „Денот на вљубените“ во кој се појавила само 5 минути, а за тоа била платена дури 14 милиони долари. Поточно 12.000 долари од изговорен збор, пренесува Index.hr.

    Иако во актерската екипа имаше многу популарни имиња како Џесика Алба, Бредли Купер, Ен Хатавеј и Ештон Качер, филмот немаше многу добри критики, односно на веб-страницата „Rotten Tomatoes“ доби 18% позитивни критики од критичарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img