Холивудската актерка Џулија Робертс била шокирана кога открила дека не е „Робертс“ откако во архивата открила семеен скандал.
Актерката учествувала во емисијата „Ancestory’s Finding Your Roots“ (Наоѓање на вашите корени) за да открие повеќе за своето семејно стебло преку архивите на ДНК и генеалошката работа со помош на истражувачот Хенри Луис Гејтс.
Џулија не можела да поверува кога ѝ рекле дека нејзиното презиме е всушност сосема поинакво, поради нејзината прабаба Рода Сатл Робертс која имала афера со оженет маж по смртта на нејзиниот сопруг Вилис Робертс.
„Истражувајќи по архивите на округот Џорџија, откривме дека некаде во 1850-тите, Рода се омажила за човек по име Вилис Робертс. Џулија го носи презимето на Вилис, но тој починал во 1864 година, повеќе од една деценија пред Рода да го роди прадедото на Џулија, Џон, што доведе до неизбежниот заклучок“, рекол тој.
Таа додава дека кога ќе ги погледнете архивите, Вилис не е наведен на пописот од 1880 година, но нејзиниот прадедо Џон Пендлтон Робертс е на пописот.
Тој ѝ дал време на Џулија да открие дека Вилис недостасува на списокот, што го навело да ѝ каже: „Вилис Робертс не може да биде твој прадедо. Тој беше мртов“.
Шокираната Џулија рекла: „Јас не сум Робертс?“
Истражувачот продолжил да објаснува дека неговиот тим влегол длабоко во архивите, но не можел да пронајде никакви детали за идентитетот на прадедото на Џулија.
Тие потоа ја погледнале ДНК-та откако зеле примероци од актерката и нејзиниот братучед за да видат дали можат да најдат совпаѓање со тоа кој е таткото на нивниот прадедо.
Хенри објаснил: „Пронајдовме група гени кои ги поврзуваат Џулија и нејзиниот братучед со еден маж… Хенри Мекдоналд Мичел Помладиот“.
Откако го прочитала името, Џулија прашала: „Значи, ние сме Мичелс?“, а професорот потврдил дека таа е Џулија Мичел.