More

    Џорџ Клуни ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од претседателската трка

    spot_img

    Филмската ѕвезда Џорџ Клуни, кој е еден од најголемите поддржувачи на американската демократска партија и беше еден од првите кои го повикаа американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка, објави дека ја поддржува Камала Харис во нејзината претседателска кампања.

    Клуни ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од изборната трка, пишува АФП.

    – Претседателот Бајден уште еднаш покажа што е вистинско лидерство. Тој уште еднаш ја спасува демократијата. Сите сме многу возбудени што можеме да направиме сè што можеме за да ја поддржиме потпретседателката Харис во нејзината историска потрага – рече американскиот актер.

    Претходно денеска Харис објави дека обезбедила доволно поддршка од делегатите за да стане кандидат на Демократската партија на претседателските избори што ќе се одржат во ноември.

    Таа на социјалната мрежа Х напиша дека нејзината намера е да ги „обедини партијата и нацијата“ и да го победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

    – Овие избори ќе претставуваат јасен избор меѓу две различни визии. Доналд Трамп сака да ја врати земјата во време кога многумина од нас немаа целосна слобода и еднакви права. Верувам во иднина која ја зајакнува нашата демократија, ја штити слободата на репродуктивното здравје и гарантира дека секој човек има можност не само да преживее, туку и да оди напред – рече Харис.

    Демократската партија треба да го потврди својот претседателски кандидат на партиската конвенција што ќе се одржи од 19 до 22 август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img