Џорџ Клуни и Џулија Робертс открија зошто никогаш не биле во врска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудските актери Џорџ Клуни и Џулија Робертс ја воодушевија публиката со филмот „Ticket to Paradise“.

На сите им се чинеше дека меѓу актерите има нешто повеќе од пријателство, но Клуни сега ја откри вистината.

Тие се најдобри пријатели повеќе од 20 години.

Во неодамнешното интервју за „Access Hollywood“, Џорџ Клуни и неговата пријателка и колешка Џулија Робертс разговараа за новиот филм во кој глумат партнери, а исто така се осврнаа и на тоа и зошто никогаш не биле во врска во реалниот живот. Иако сега се во брак, тие се познаваа многу пред тоа, па водителот се запраша дали некогаш меѓу нив има нешто повеќе од пријателска љубов и дали некогаш во првите денови на нивното запознавање ја усвоиле „политиката на забрана на излегување“:

– Мислам дека немаше потреба да го констатираме тоа – кратко рече Џулија Робертс, а Клуни даде подетално објаснување:

– Џулија секогаш беше во врска или јас бев во врска. Веднаш станавме пријатели. Така што ништо немаше меѓу нас, само се забавувавме – искрен беше Џорџ.

Исто така, Клуни рече дека Џулија секогаш го „засмејува“, а таа за него рече дека е „нежен“.

Џулија Робертс е во брак со Дени Модер (53) од 2002 година. Двојката има три деца: 17-годишни близнаци Хејзел и Финеус и синот Хенри (15), додека Клуни е во среќен брак со сопругата Амал Клуни (44) од 2014 година и ги имаат петгодишните близнаци Александар. и Ела.

Ова е веќе четврти нивни заеднички проект, бидејќи претходно ги снимаа филмовите „Ocean’s Eleven“, „Money Monster“ и „August: Osage County“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article