Џонсон е против Украина да отстапува територија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот премиер, Борис Џонсон, оцени дека Г7 и НАТО не треба да ја охрабруваат Украина да постигне, како што наведе, „лош“ мир со Русија, што би значело откажување од делови од нејзината територија.

Неколку дена пред самитот на Г7 во Германија и НАТО во Шпанија, Џонсон вчера се осврна за ситуацијата во Украина за време на посетата на главниот град на Руанда, Кигали

– Мојата порака до колегите од Г-7 и НАТО би била следна: Сега не е време да ги охрабруваме Украинците да се согласат на лош мир, мир за кој од нив е побарано да отстапат делови од нивната територија во замена за прекин на огнот. Мислам дека тоа би било катастрофа – рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека е можно некои од најголемите западни сили да се „уморни“ од Украина.

Share This Article