Џони Деп потпиша нов седумцифрен договор со модната куќа „Диор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џони Деп е подготвен да се врати на работа. Откако ја доби тужбата за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот ветеран го обнови договорот со модната куќа „Диор“. Францускиот бренд е еден од ретките кој не се откажа од Деп, откако Амбер Херд го обвини за семејно насилство.

Добро информиран извор вели дека францускиот луксузен бренд го „обновил и проширил договорот“ со Деп, тврдејќи дека новиот договор вреди „седуцифрени“, односно најмалку 1 милион долари и дека популарниот актер ќе продолжи да биде лице на машкиот мирис на „Диор“ „Sauvage“, пренесува Eonline.

Навестувајќи дека врската помеѓу Деп и „Диор“ се уште е силна, официјалниот инстаграм-профил на брендот објави фотографии и снимки од Деп зад сцената на еден од неговите неодамнешни концерти во Париз, снимени од познатиот фотограф Грег Вилијамс.

 

„Бестрашен, но човек, исто како „Sauvage““, пишуваше на 8 август. Во друга снимка, тој се гледа како држи гитара и излегува на сцената пред возбудена публика, велејќи:

„„Sauvage“ носи многу спомени, многу претстави.“

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ е заштитно лице на „Sauvage“ на „Диор“ од 2015 година. Производот беше најпродаван за време на неговото неодамнешно судење со Амбер Херд. Поточно, на секои три секунди се продаваше по едно шише парфем, што на „Диор“ му донесе милионски профит, па не е чудно што модната куќа сака да ја продолжи соработката со актерот.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article