More

    Џони Деп неодамна се појави на Канскиот филмски фестивал, а по премиерата на филмот „Жан де Бари“ се здоби со сериозни повреди на ногата

    spot_img

    Актерот Џони Деп (59) неодамна се појави на Канскиот филмски фестивал, а по премиерата на филмот „Жан де Бари“ се здоби со сериозни повреди на ногата.

    На враќање од Кан, Џони си го истегнал зглобот, или така барем мислел, додека не се испоставило дека го скршил.

    Поради ова, актерот мораше да ја одложи најавената турнеја со неговиот бенд „Hollywood Vampires“.

    Со него во бендот свират Алис Купер и Џо Пири, а засега се откажани сите нивни планирани концерти во Њујорк, Хемпшир, Бостон и Масачусетс во текот на јуни.

    „Драги мои пријатели, жал ми е што морам да кажам дека го скршив глуждот и многу е тешко! Сè почна како мала повреда, но некаде помеѓу Кан и „Ројал Алберт хол“ стануваше полошо отколку подобро. Неколку медицински експерти препорачаа да избегнувам секаква активност во моментот и затоа, за жал, не можам да патувам.“

    И покрај тоа, актерот се надева дека по еден месец ќе се опорави и ќе биде подготвен за сцената.

    Инаку, Џони Деп со својот нов филм „Жан де Бари“, кој имаше премиерата токму во Кан, направи големо враќање во светот на глумата. Во филмот тој го игра кралот Луј Петнаесетти. Деп на црвениот тепих беше пречекан со овации и транспаренти, а филмот по премиерата доби овации кои траеја подолго од седум минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img