Џони Деп и во „Пиратите од Карибите 6“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот глумец Џони Деп ќе се појави и во шестиот филм од серијалот „Пиратите од Карибите” – пет години по претходната авантура на капетанот Џек Спероу, пишува „Сан”.

Пробното снимање на филмот со работен наслов „A Day At The Sea”, ќе почнат во февруари во Велика Британија. Исто така, се истакнува дека проектот е во рана фаза и сѐ уште не е соопштено кој ќе ја преземе режисерската палка. Извршен продуцент ќе биде Брус Хендрикс, кој учествуваше и во продукцијата на првите три филма.

Досегашните пет филмови од серијалот вкупно над 4,1 милијарди долари заработка на светско ниво, а самиот Џони Деп зел повеќе од 240 милиони долари.

Деп, инаку, беше првично отпуштен од идните проекти од приказнава, откако поранешната сопруга на глумецот, Амбер Хард го обвини за семејно насилство. Во јуни годинава, Судот во Вирџинија (САД) пресуди дека нејзините тврдења се клевета.

Share This Article