More

    Џони Деп и Милош Биковиќ ќе глумат рамо до рамо

    spot_img

    Холивудската ѕвезда Џони Деп ќе глуми наркодилер во третиот дел од српскиот филм „Јужен ветар“.

    Познатиот холивудски актер следната година би требало да се приклучи на акциониот трилер тимот во режија на Милош Аврамовиќ.

    Преговорите за ангажман на Деп започнаа во октомври, за време на неговиот престој во Белград.

    – Џони се запозна со српските актери и режисер кога беше во Србија минатиот октомври. Потоа го промовираше анимираниот филм „Пафини“. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажале дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужен ветар“. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да провери кога има слободни датуми за снимање – изјавил за Информер добро информиран извор, додавајќи дека потоа продуцентите уште еднаш стапиле во контакт со најпознатиот „пират од Карибите“:

    „Деп преку телефон го потврди ангажманот, а остана само сѐ да се стави на хартија и да се потпише. Очекуваме наскоро сѐ да биде официјално. На Џони му е наменета улогата на наркодилер кој има разработено зделки низ целиот свет.“

    Главниот јунак на „Јужен ветар“, Милош Биковиќ, никогаш не криел дека би сакал да глуми со познатиот актер.

    – Деп е одличен тип, имагинативен е и има прекрасни улоги. Би сакал да го видам во продолжението на „Јужен ветер“, може да ја избере улогата! Сите освен Петар Мараш. Би сакал да играм со него. Кастингот е отворен, па ако го помине Деп, ќе биде примен – изјави најпопуларниот српски актер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img