Кирсти остави голема трага во светот на светската кинематографија, а ја паметиме и по серијата филмови со Џон Траволта.
Веднаш откако ја дозна трагичната вест, актерот објави своја фотографија на Инстаграм со зборови на почит:
„Со Кирсти имав една од најпосебните врски што сум ги имал. Те сакам Кирсти. Знам дека повторно ќе се видиме“, напиша актерот.
Актерот ја загуби и сопругата Кели Престон во 2020 година по борбата со ракот.
– Животот и страста на нашата мајка, нејзините деца, внуци и нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост на создавањето, беа неспоредливи и нѐ оставија инспирирани да го живееме животот во потполност исто како и таа – изјави семејството на Кристи Ели, пренесе „Пејџ сикс“.