More

    Џо ја бакна Џорџа во глава, италијанската премиерка беше зачудена

    spot_img

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја посети Белата куќа каде домаќин беше американскиот претседател Џо Бајден, а посебно внимание привлече еден детал од нивната средба.

    На видеото од нивната средба на 1 март, објавено на Јутјуб од агенцијата Виста, може да се види како Бајден ја бакнува Мелони во косата откако таа се потпиша во книгата за посетители на Белата куќа.

    – Уште една средба насочена кон зајакнување на нашето силно пријателство и соработка, која ја поддржуваат 20 милиони Американци со италијанско потекло – напиша Мелони по средбата со Бајден во Овалната соба.

    Додека се збогувале, Бајден ја бакнал во глава, а се гледа како Мелони се смешка и се збогува со американскиот претседател.

    Ова во радио емисијата „ВиваРаи2!“ го забележа и коментираше познатиот италијански комичар и водител Фиорело.

    – Се видоа, Бајден ја бакна…, дали тој ја „мува“? – на шега праша Фиорело на римски дијалект.

    На официјалната снимка од средбата меѓу Бајден и Мелони, која на Јутјуб ја објави Белата куќа, прикажана е само нивната средба во Овалната соба.

    На друга снимка на агенцијата Виста, Бајден се слуша како вели дека ѝ посакал добредојде на Мелони со песната „Georgia On My Mind“ од Реј Чарлс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img