Џо Бајден вечерва јадеше пица заедно со американските војници во Полска, земјата која ја посети за лично да види како се одвиваат меѓународние напори за помош на бегалците од Украина.
– Би јадел грав – рекол Бајден откако прашал дали може да вечера, но војниците од 82-рата дивизија му понудиле пица, која претседателот ја прифатил на нивно задоволство.
Бајден на средбата ја пофалил храброста на украинските цивили додека разговараше со американските војници во Полска.
– Украинскиот народ има јамка. Гледајте ги како се борат. Жени, млади мажи, стојат пред проклет тенк и велат: „Не заминувам од тука, останувам овде“. Тие се неверојатни – изјавил Бајден.
А, еве со кои зборови тој им се заблагодари на војниците:
– Ви благодарам многу за тоа што го правите, вие сте најдобри, а ова не е претерување. Вие сте најдобри и се борите за нас во светската историја – рече Бајден во трпезаријата.
Подоцна се очекува Бајден да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.