Џирона го претстави македонскиот репрезентативец Бојан Миовски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанскиот прволигаш Џирона денеска го промовираше својот нов фудбалер – македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Миовски кој одигра одлична сезона во шкотски Абердин, доаѓа во Џирона како големо засилување во напаѓачката линија.

Македонецот со свој нов клуб ќе дебитира во Лигата на шампионите.

Џирона објави дека 25-годишниот Миовски се обврза на соработка до јуни 2028 година.

Новиот напаѓач на Џирона ја започна својата професионална кариера на 18-годишна возраст, дебитирајќи во Брегалница, Во Македонија играше и за Работнички, Македонија ЃП и Ренова. Потоа потпиша за МТК во Унгарија во 2020 година. Во летото 2022 година направи трансфер за Абердин во Шкотска, каде остана две сезони. Минатата сезона тој постигна 26 гола на 53 натпревари, вклучувајќи ги и оние во шкотската Премиер лига, Лига Европа и Конференциската лига

Share This Article