Цариниците на граничниот премин Хоргош заплениле џип вреден 169.000 евра бидејќи патникот не пријавил на царина, соопшти српската Царинска управа.
Како што се наведува во соопштението, патникот не се пријавил на влез во државата, ниту поседувал соодветна документација за возилото, поради што е привремено одземено.
Покрај автомобилот, сопатникот не пријавил јакна од позната марка, иако имал потврда на која се уплатени 4.900 евра.
За тие прекршоци можна е парична казна и заштитна мерка трајно одземање на непријавена стока.