Во поглед на судството, земјава е рамо до рамо со Етиопија и со Колумбија, коментира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Тој на Фејсбук ја коментира состојбата со корупцијата во Македонија.
„Од настапите на Јовевци и Јолевци по повод изјавите на амбасадорите на САД и Британија, дека со корупција сме вистинска катастрофа и дека во последно време состојбата не се подобрува туку се влошува, многу голем е и бројот од 8% на граѓаните кои имаат доверба во обвинителите и судиите во земјата и што сме заедно со Етиопија и Колумбија“, пишува Хајредини на Фејсбук.