More

    Џенифер Лоренс го опиша своето прво искуство со снимање на секс сцена на филм

    spot_img

    Беше стресно и воопшто не беше лесно, вака холивудската актерка Џенифер Лоренс го опиша своето прво искуство со снимање на секс сцена на филм. Она што најмногу ја загрижило Лоренс било тоа што нејзиниот колега во филмот бил оженет.

    Во 2015 година, актерката Џенифер Лоренс го сними филмот „Патници“ со Крис Прат. Во тој филм таа за прв пат снимила секс сцени. Иако на другата страна беше миленикот на жените Крис Прат, Лоренс откри дека „работата“ не била така лесна, пишува Дејли Стар.

    -Навистина, навистина се опив. Но, тоа ми предизвика уште поголема тежина и уште повеќе ме вознемири кога се вратив дома бидејќи размислував за она што го направив, изјави Лоренс за „Холивуд репортер“.

    -Тој е оженет. Требаше да ми биде прв пат да бакнам оженет маж, а вината е најлошото чувство во мојот стомак – опишува актерката.

    Таа ѝ се јавила на мајка ѝ да и помогне да се справи со тоа. Иако била свесна дека тоа е нејзина работа, Џенифер, како што вели, не можела да се ослободи од вината.

    -Бев навистина ранлива, како никогаш порано, вели славната актерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img