Џенифер Лопез меѓу ѕвездите кои присуствувале на озлогласените забави на Паф Диди

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс, кој е обвинет за рекетирање, сексуален напад и трговија со луѓе, организирал познати забави на кои присуствувале многу холивудски ѕвезди.

Затоа, Холивуд деновиве стравува од објавување детали од т. н. „бели забави“.

„Дејли мејл“ вчера сподели и ново видео на кое Комбс им зборува на гостите на една од неговите забави во Хемптонс дека е време децата да си одат дома и дека вистинската забава може да започне.

На видеото, кое ексклузивно го добил британскиот весник, Диди стои со чаша шампањ во раката и ги повикува гостите да возвратат за услугата за досегашното гостопримство.

„Храната беше обезбедена, го добивте пијалакот, сега е време да уживаме во животот“, вели тој.
„Ова е прослава на животот. Ова е вистинска бела забава“, им порачува тој.

„Децата имаат уште еден час, а потоа ова се претвора во нешто на кое, кога ќе бидете постари, ќе сакате да присуствувате… затоа, ајде да почнеме да се опуштаме, тргнете ги децата. Во ред е. Ајде диџеј пушти музика “, рекол тогаш Диди.

„Дејли мејл“, исто така, доби фотографии на кои е прикажан список на елитата на филмската и музичката индустрија, а сите тие останаа видливо молчеливи откако музичкиот магнат беше уапсен во Њујорк претходно оваа недела.

Меѓу нив е и Џенифер Лопез, која беше во врска со Диди од 1999 до 2001 година и присуствуваше на повеќе од една од забавите кои тој ги организирал за да ја зацврсти својата репутација на модерна и влијателна личност во индустријата.

 

- Advertisement -
Ad image

Парис Хилтон, исто така, била редовна гостинка, која присуствувала на првата забава одржана на 7 септември 1998 година, која таа ја опишала како „иконична“.

Фотографиите од тие собири делуваат како временска капсула на познати личности од доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Хауард Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Леонардо Дикаприо, Марта Стјуарт, Џеј Зи и Бијонсе, Мараја Кери и нејзиниот тогашен сопруг Ник Кенон, славната двојка Томи Ли и Памела Андерсон, младата Ким Кардашијан…

Во друго видео Комбс откри дека омилен гостин му била холивудска ѕвезда.

- Advertisement -
Ad image

Во видеото објавено од „Вог“ во 2018 година, насловено „73 прашања со Шон Диди Комбс“, музичарот, тогаш 54-годишен, ја прошетал екипата на магазинот низ својот дом, давајќи поглед на неговиот забавен живот.

Додека стоел во својата кујна, новинар го прашал, иако не е јавна информација, кој бил број еден на неговите забави, пишува „Дејли мејл“.

Без двоумење, Комбс се свртел кон новинарот и му рекол: „Леонардо Дикаприо“.

Комбс порано беше домаќин на „белите забави“ во својот дом во источен Хемптон, каде што многу ѕвезди се собираа летото во неговата палата покрај брегот на годишна прослава.

За потсетување, Комбс сега се соочува со обвинувања дека ги принудувал жените да прават оргии во неговите куќи.

Share This Article