Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек во средината на процесот на развод беа фотографирани на ручек со своите деца во Поло лонџ во Беверли Хилс.
Со Афлек биле ќерката Серафина (15) и синот Семјуел (12), а со Џенифер нејзините близнаци Ем и Макс (16). Децата кои се спријателиле и одлично се сложувале за време на врската и бракот на нивните родители, седеле на друга маса за време на оброкот, пишува „Пејџ сикс“.
Тие додаваат дека наскоро бившите сопружници прво енергично се расправале во автомобилот, а подоцна се држеле за рака и се бакнувале на масата.
Фотографите ја снимиле и Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Афлек, која по ручекот заминала со своите деца.
Во август, Лопез побара од судот да и го смени презимето од Џенифер Лин Афлек во Џенифер Лин Лопез, бидејќи таа го земала презимето Афлек кога се венчале.
Инаку, откако поднесе барање за развод, Џенифер почна активно да позира на социјалните мрежи во попровокативни изданија, додека Бен неколкупати излегуваше со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Но, Џенифер пронашла друг начин да ја заскотка фантазијата на обожавателите и да покаже колку е непредвидлива.