More

    Џенифер Лопез го прослави 55-от роденден, а од Бен ниту трага ниту глас

    spot_img

    Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден во Хемптонс и по тој повод организирала прослава на која дошле бројни гости.

    Меѓутоа, меѓу гостите не бил нејзиниот сопруг Бен Афлек, што дополнително ги подгреа гласините дека славната двојка се разведува, а за што со месеци се шпекулира. Пејачката не се огласи по овој повод, па сè уште не е познато зошто Афлек не присуствувал на роденденот на Џеј Ло.

     

    Инаку, латино дивата одлучила да организира тематска прослава, па сè било во стилот на хит серијата „Бриџертон“, а на прославата се појавила и актерката Сара Џесика Паркер.

    Така, сè било во знакот на кочии, цвеќиња, елегантни фустани, пуф ракави, дијадеми, високи ракавици…

    Да потсетиме, славната двојка последен пат беше видена заедно пред повеќе од еден месец, а Бен неодамна беше уловен од папараците во Калифорнија, каде што престојуваше со децата. За нивниот развод се шпекулира веќе долго време, откако Џенифер и Бен прво ја ставија на продажба својата куќа вредна 60 милиони долари, а потоа и одвоено ја поминаа втората годишнина од бракот.

     

    „Децата мислат дека Џенифер и Бен се навистина длабоко вљубени, како сродни души и дека не сакаат да се разведат. Тие сакаат да ги решат работите, како што кажаа нивните завети, и навистина чувствуваат дека треба да продолжат со терапијата и да разговараат, дури и ако тоа боли. Тие чувствуваат дека би можело да има повеќе мир ако ги направат и кажат вистинските работи“, рекол изворот.

    „Таа не би поминувала време со неговите деца и би се однесувала како мајка кон нив ако не се обидува да ги поправи работите со него или ако тие не се на вистинскиот пат“, рекол изворот, додавајќи дека децата на Афлек и Лопез прават сè за да им помогнат да го обноват својот брак.

    Инаку, Џенифер Лопез е родена на 24 јули 1969 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img