Пејачката Џенифер Лопез важи за една од најпосакуваните жени на светот. Згодната мајка на две деца неодамна ги воодушеви сите кога на 55-годишна возраст ги покажа своите стомачни мускули, а снимката на која таа се спушта низ шипка во минијатурно бикини ги фрли мажите во транс.
За приватниот живот на Џеј Ло се знае многу, но не толку за нејзините сестри. Таа на својата приказна на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија и ги покажа сестрите кои не можеме често да ги видиме. Сите три изгледаат неверојатно слично!
Лесли Лопез е постара, а во шоуто на Опра Винфри во 2022 година откри дека Џеј Ло била главната меѓу нив кога растеле, односно дека сите идеи за заеднички активности биле нејзини. Таа се пошегува дека Џеј Ло е ѕвезда, но дека сепак е мала сестричка и „напорна“.
Лесли е исто така талентирана и за пеење, се појави како оперска пејачка во „The Man in the Attic“ во 2021 година. Таа настапувала во повеќе од 25 мјузикли и работела како музички педагог. Има две деца. Нејзиниот син Брендон се декларира како трансродова личност, а Џенифер го претстави својот внук во 2020 година во филмот „Draw With Me“.
Помладата сестра Линда е новинарка која работела на радио и телевизија. Пред 23 години, таа ја освои њујоршката Еми награда за утринска програма за вести додека ја водеше на WB 11 Morning News. Таа објави книга во 2020 година, а се појави и во филмот „Draw with Me“ и работеше како продуцент на две продукции. Таа соработуваше со Џеј Ло на филмот „Hustlers“ и ја има ќерката Луси.