More

    Џенифер Анистон се нафрли на политичарот: „Се надевам дека ќерка ти ќе може да раѓа“

    spot_img

    Џенифер Анистон остро го критикуваше потпретседателскиот кандидат на Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, поради повторно објавените коментари во кои тој ги нарече демократите „куп дами со мачки без деца и со кутри животи“.

    Холивудската актерка Џенифер Анистон пред две години во ретко медиумско појавување проговори за сопствената борба со плодноста, при што откри дека и самата се подложила на ин витро. По повторното обединување на актерската екипа на „Пријатели“, се појавија гласини дека актерката има намера да посвои дете, но набрзо тие беа демантирани од нејзиниот ПР-тим.

    Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон (55) во својата најнова изјава го критикуваше американскиот политичар и поранешен маринец Џеј Ди Венс поради неговите коментари за жените кои немаат деца. Таа на социјалните мрежи сподели бесна порака која се однесува на појавувањето на Венс во емисијата на Такер Карлсон во 2021 година. Имено, тогашниот кандидат за сенатор од американската сојузна држава Охајо изјавил дека Соединетите Американски Држави ги водат „куп жени љубители на мачки кои немаат деца и кои се очајни поради сопствените животи и изборите што ги направиле, па сакаат да го загорчат животот и на остатокот од земјата“ – мислејќи на новиот кандидат за претседател на Америка, Камала Харис.

    На тоа Анистон одговори преку приказни на својот инстаграм профил, пишувајќи: „Навистина не ми се верува дека некој кандидат за потпретседател на Соединетите Американски Држави изјавува такво нешто. Сè што можам да ви порачам господине Венс е дека се молам еден ден вашата ќерка да може да раѓа и да ги воспитува сопствените деца. Се надевам дека нема да треба да прибегнува кон алтернативни методи на зачнување како што е ИВФ (Ин витро оплодување) – процес во кој јајце-клетката се спојува со спермата надвор од нормалната биолошка средина, т.е. во епрувета), бидејќи се обидувате да и ја одземете и таа можност“, напишала актерката.

    Џенифер инаку го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но отворено зборува за своето патување до плодноста.

    Анистон пред две години во ретко медиумско појавување проговори за сопствената борба со плодноста, при што откри дека и самата се подложила на ин витро.

    – Се обидував да забременам. Тоа беше предизвикувачко патување за мене, патување за да родам бебе – почна Џенифер да се навраќа на своите 30-ти и 40-ти години од животот. „Сите години и години и години на погодување… Беше навистина тешко. Поминував низ ин витро, пиев кинески чаеви. Правев сè што беше во моја моќ. Сè би дала некој да ми кажеше: „Замрзни ги своите јајце-клетки. Направи си услуга.“ Едноставно не размислувате за тоа. И еве ме денес. Бродот исплови – призна ѕвездата на серијата „Пријатели“.

    Судејќи според сè, нејзините коментари за минатите изјави на Венс се од лична природа.

    Да потсетиме, по повторното обединување на актерската екипа на „Пријатели“ за снимањето на продолжението, се појавија шпекулации дека Анистон ќе стане мајка. Извор рече дека Анистон ја споделила веста за нејзиното посвојување на девојче од сиропиталиштето во Мексико Каса Хогар Сион со актерската екипа на „Пријатели“. Тој додаде дека актерката тој момент го сметала за најдобар затоа што е многу блиска со колегите од сетот, тие го поминувале секој ден заедно во текот на деценијата на снимањето и биле поддршка еден на друг дури и при приватни проблеми. Иако Анистон долги години финансиски го помага домот за сиропиталишта, а неколкупати го посетуваше, па веќе се шпекулираше дека ќе посвои дете, ПР-тимот на актерката повторно соопшти дека таа не планира да посвои дете и дека информациите не се точни.

    Исто така, минатата година се појави детаљ од интервјуто што Џенифер Анистон го дала за „Венити фер“ неколку месеци откако јавноста дозна дека се разведува од Бред Пит и само два месеци пред нивниот развод официјално да биде финализиран. Новинарот кој направи интервју со тогаш 36-годишната Анистон, откри дека во текот на интервјуто ги спомнал гласините дека Анџелина Џоли и Бред го чекаат своето прво бее а кога Џенифер го слушнала тоа, не можела да ги сокрие солзите.

    Инаку, Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа поради неговата врска со Анџелина Џоли која почна на снимањето на филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img