Џенифер Анистон проговори за маката

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ѕвездата на „Пријатели“, Џенифер Анистон (53), откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а грижата дека не може да спие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.

„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Проблемот со несоница го доживеав во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливи“, изјави Анистон во интервју за магазинот „Пипл“.

„Само го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги разбирате ефектите од недостатокот на сон и како тоа влијае на целиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на вашиот физички изглед“, рече таа, признавајќи дека таа знаела и да оди во сон.

„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да шетам во сон, а од таква состојба ме запрепастуваа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, рече таа и поради нејзиниот проблем, на крајот реши да побара лекарска помош.

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не работи“, е мислењето на ѕвездата на „Пријатели“.

Share This Article