Џенифер Анистон не можела да престане да плаче кога дознала дека Бред чека дете со Анџелина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кога го заврши снимањето на хит серијата „Пријатели“ во 2004 година, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека сака да основа семејство со сопругот Бред Пит, но наместо да се радува на мајчинствотo, актерката доживеа голема тага поради колапсот на нејзиниот брак. Во времето кога ги играше последните и многу емотивни сцени од култната серија, нејзиниот сопруг Бред беше на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ со Анџелина Џоли. Двојката подоцна призна дека се заљубиле на снимањето, а во јануари 2005 година Бред и Џенифер објавија дека се разделуваат.

Во едно неодамна откриено интервју за „Венити фер“, во септември истата година, тогаш 36-годишната Анистон била скршена од болка и тага кога еден новинар и ги кажал гласините дека Анџелина е веќе бремена, два месеци пред да биде финализиран разводот помеѓу Бред и Џенифер. Новинарот опишал дека Џенифер изгледала како некој да ја прободел точно во срцето и плачела во тишина неколку минути, не можејќи да ги запре солзите, пред да кимне со главата, премногу повредена за да одговори.

Запрашана дали верува во гласините дека Бред и Анџелина имале вистинска врска, Џенифер рекла дека донела свесна одлука да му поверува на Бред, но додала: „Во овој момент ништо нема да ме изненади, но повеќе би сакала да му верувам“. Како што тогаш рекле заедничките пријатели, Бред сакал да открие што сака од животот како самец, а ја уверил Џенифер дека „не се работи за друга жена“. Сепак, нејзината самодоверба беше разнишана кога се појавија фотографии на кои Бред се однесува како грижлив татко на плажа со синот на Анџелина, Медокс, во Африка кон крајот на април во таа кобна 2005 година.

„Би била робот ако кажам дека нема моменти кога чувствував лутина, повреденост и срам. Не знам што се случи. Има многу работи што не ги разбирам, многу нешта што не ги знам и никогаш навистина нема да ги знам. Морам да мислам дека од некоја причина тоа сум го „повикала“ во својот живот. Морам да размислувам така бидејќи во спротивно сето тоа е едноставно сурово“, рекла Анистон.

Share This Article