Џени Гарт, која го толкуваше ликот на Кели во хит серијата „Беверли Хилс“, се прости од својата колешка и пријателка Шенон Доерти, која почина во саботата по долгогодишна борба со ракот на дојката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џени Гарт, која го толкуваше ликот на Кели во хит серијата „Беверли Хилс“, се прости од својата колешка и пријателка Шенон Доерти, која почина во саботата по долгогодишна борба со ракот на дојката.

Актерката Џени Гарт, која ја глумеше Кели, поранешната љубовна ривалка на Бренда, ликот на покојната Шенон Доерти, рече дека „сè уште ја обработува огромната тага поради губењето на нејзината долгогодишна пријателка Шенон, жена која често ја опишувала како една од најсилните луѓе што некогаш ги познавала“.

„Нашата врска беше вистинска и искрена. Толку често бевме спротивставени една кон друга, но ништо од тоа не ја одразуваше вистината на нашиот реален однос, која беше изграден на заемно почитување и восхит. Таа беше храбра, страсна, решителна и дарежлива. Ќе ми недостига и секогаш ќе ја почитувам длабоко во моето срце и во сеќавањата. Срцето ми се кине за нејзиното семејство и Боуви и сите луѓе кои ја сакаа“, напиша Џени на својот инстаграм-профил.

 

Потсетуваме дека Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, почина по долга борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години.

Share This Article