More

    Џекпот од1,52 милијарда долари на Флорида – Тикетот го купил во супермаркет

    spot_img

    Една од двете најголеми американски лотариски куќи, „Мега милионс“ објавила рекордна добивка на џекпот од дури 1,58 милијарди долари, што е еден од најголемите во историјата на американската лотарија. Добитникот е од Флорида, а тикетот го купил во супермаркет. Неговото име не е објавено, пренесува „Индепендент“.

    Броевите на добитната комбинација биле 13,14,19, 20, 32 и 33.

    Добитникот има две опции за преземање на парите: целосната сума да му биде исплатена во наредните 29 години во годишни исплати или да добие паушална сума од околу 783 милиони долари.

    Џекпотот скокнал на 1,58 милијарди долари, бидејќи ниеден друг лоз немал добитните шест бројки. Шансата играчот да ги има сите шест броеви е многу мала, еден наспроти 302,6 милиони.

    Според правилата, добитникот сега има 180 дена да ги побара своите пари лично во седиштето на лотаријата во Талахаси, на Флорида.

    Сумата од 1,58 милијарди долари е најголема освоена сума во историјата на „Мега милионс“. Претходната најголема сума изнесувала 1,53 милијарди долари, а лозот е продаден во 2018 година во Јужна Каролина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img