За капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, 2023 година беше повеќе од успешна.
Дајмонд одигра одлична партија во дресот на Интер, со овој клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите, но таму беше спречен од тимот на Манчестер Сити.
Потоа се прости од стручниот штаб и соиграчите на тимот и дресот на Нероаѕурите го замени со оној на турскиот гигант, Фенербахче.
Во новиот тим брзо се етаблираше како лидер на тимот, беше именуван за капитен, а не недостигаа и одлични партии.
Неговиот тим е лидер во турскиот шампионат, рутински победи во нокаут фазата од Конференциската лига, а Џеко на 22 натпревари постигна 16 гола и запиша 7 асистенции.
Големи се очекувањата од Дајмонд во новата 2024 година. Фенер сака да се врати на тронот на Турција и да ја врати шампионската титула по 10 години чекање, а ќе се обидат да ги однесат змејовите низ баражот на историското ЕП.
37-годишниот напаѓач на своите следбеници им се обрати со новогодишна порака, со што најави големи работи.
„Учете од минатото и никогаш не гледајте назад. Вашите соништа се пред вас. Одењето нагоре е единствениот правилен пат. Сонувајте многу, работете напорно, остварете го тоа бидејќи иднината е полна со бескрајни можности“, рече Џеко.