Џек Никлсон, малку се забаталил – Снимен е првпат по година ипол

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Легендарниот холивудски актер Џек Никлсон, кој веќе година ипол не се појавил во јавноста, беше снимен од папараци на балконот на неговиот имот во Беверли Хилс. Неговата состојба со месеци ги загрижува неговите пријатели, кои стравуваат дека актерот ќе умре сам, исто како и неговиот поранешен сосед и колега Марлон Брандо.

Никлсон бил фотографиран додека излегол на свеж воздух на својата тераса со поглед на кањонот Френклин. Носел широка портокалова маица и широки спортски панталони, додека бил потпрен на оградата на балконот во утринските часови.

Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години. Неговата најпозната романса со Анџелика Хјустон (71) заврши пред речиси 25 години.

Трикратниот оскаровец последен пат беше виден во октомври 2021 година, заедно со неговиот син Реј (31), додека гледаа натпревар на ЛА Лејкерс. Според извештаите, Реј е еден од ретките луѓе со кои Николсон е во контакт.

 

Share This Article