Џејмс Корден бил исфрлен од популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славниот телевизиски водител Џејмс Корден (44) бил исфрлен од популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, објави Кит Мекнали, сопственикот на гостилницата. Тој за популарниот Британец, кој неколку години работи во САД, рече дека всушност бил најнеподносливиот гостин во 25-годишната историја на таа гостилница.

– Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но е мало кретенско човече. И тој е гостинот кој најмногу ги навредувал моите вработени во „Балтазар“ откако ресторанот беше отворен пред 25 години. Ретко исфрлам гостин, но денес го избркав Корден и тоа не е воопшто смешно… Слично се однесуваше пред неколку години и во мојот друг ресторан, „Кафе Луксембург“ – вели Мекнали во објавата на Инстаграм.

Угостителот натаму во ситници раскажува како водителот-комичар ги понижувал келнерите и готвачите во рестораните.

– Џејмс Корден во јуни беше тука на масата 61 (иако ова е ѓаволски, тоа се случува неретко во сите ресторани). Откако го изеде главното јадење, Корден му покажа влакно на менаџерот Г. на Балтазар“, кој му се извини за тоа. Корден беше многу одвратен кон менаџерот и му рече: „Дај ни нова рунда пијалаци веднаш. Погрижи се за сите наши пијалаци досега. Ќе ви напишам негативна рецензија!

Share This Article