More

    Џејми Фокс сè уште е во болница, на бројни тестови

    spot_img

    Познатиот актер Џејми Фокс се уште е на болничко лекување откако минатата недела итно беше хоспитализиран.

    Џејми престојувал во Атланта, каде со колегата Камерон Дијаз го снимал филмот „Back in Action“, кога итно бил префрлен во болница. Оттогаш се огласи неговата ќерка која преку својот Инстаграм профил објасни дека нејзиниот татко е добро, дека се опоравува и дека сега најважна им е приватноста.

    Речиси една недела откако беше хоспитализиран, Џејми се уште е во болница поради неоткриена медицинска компликација, пренесува британски Дејли Мејл.

    TMZ откри дека неговата состојба е доволно сериозна за да бара актерот да биде хоспитализиран.

    Потоа, Си-Ен-Ен објави дека актерот бил подложен на низа тестови за да се открие причината за медицинската компликација.

    „Тие го тестираат и се обидуваат да утврдат што точно му се случило“, изјави извор за Си-Ен-Ен.

    Сеуште нема информации кога Фокс ќе може да ја напушти болницата и да се врати на снимањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img