Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез веќе три децении ја плени јавноста, а овој пат блесна повеќе од кога било на насловната страница на популарниот магазин „Ролинг стоун“. По долго време, 52-годишната латино дива Џеј Ло ја скрати косата во кратка „боб“ фризура, а целиот стил го зачини со тесен, црн комбинезон кој одлично ја истакна силуетата на нејзиното извежбано тело.
Латино дивата е вистински пример за жена која се истакнува во сите модни трендови, а нејзиниот нов изглед беше награден и од фановите на социјалните мрежи. Познатата Џеј Ло ја следат речиси 200 милиони следбеници, а фотографијата веќе брои два милиони „лајкови“.
Покрај тоа што „пука“ од сексапил, оваа модна икона е и вистинска жена борец. Во текот на снимањето на насловната страница за „Ролинг стоун“, Џеј Ло проговорила за нималку лесниот пат до успехот. Поради тоа е латино жена, често се чувствувала запоставено, а ја открила и мислата водилка со која си го „расчистила“ патот до врвот – „Зае*и тоа“.
„Јас сум аутсајдер. Секогаш се чувствувам како да сум се кренала од дното. Цело време. Тоа е кога си Порториканка и жена од Бронкс“, изјавила таа за „Ролинг стоун“.
ФОТО: Инстаграм