Пејачката и актерка Џенифер Лопез на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира со старлетата Ким Кардашијан и со водителката Опра Винфри.
Пејачката, реалити ѕвездата и водителката се дружеле на 25-годишнината од брендот „Анастасија Соаре“, а објавата што ја сподели Џеј Ло досега им се допадна на повеќе од милион луѓе.
Додека едни ги пофалија во коментарите и пишуваа дека се „прекрасни“, други коментираа дека „користат премногу филтри на фотографиите“ и дека „сите три изгледаат премногу слично“.
„Џеј Ло и Ким изгледаат како близначки“, „Премногу филтри на овие фотографии“, „Џенифер, штотуку ја изгуби мојата почит. Тргни се од Кардашијан“, „Овие филтри се прилично силни“, „Не можам да разберам како навистина изгледаат со оглед на тоа колку филтри користат“, беа дел од коментарите.
Инаку, на вечерата биле и Шерон Стоун, Хајди Клум, Пријанка Чопра, Синди Крафорд, Гејл Кинг и Софија Вергара.
ФОТО: Инстаграм