Џеј Ло и Бен Афлек избраа дом со 12 спални и 24 бањи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џенифер Лопез и Бен Афлек купиле луксузна палата во Wallingford Estates во Беверли Хилс за која потрошиле 60 милиони долари, пренесува TMZ.

Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина. Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.

Имотот има и пентхаус од 456 квадратни метри, двособна куќа за обезбедувањето и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила. Имотот првично се продавал за 135 милиони долари, пред пет години, но цената се намалила со текот на годините. Минатиот месец куќата повторно била ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеа да ја намали и таа цена.

Само една недела им требало да го склучат договорот за новиот дом и веќе почнале да се вселуваат. Куќата е фотографирана од воздух, а пред неа се гледаат многу од нивните работи, како фотелји, каучи, теписи и друг мебел како се преместуваат од претходната куќа во новата. На имотот е снимена и Џеј Ло.

Share This Article