More

    Џегер позитивен на корона, Ролинг Стоунс го откажаа настапот во Амстердам

    spot_img

    Ролинг Стоунс го одложија концертот во Амстердам во последен момент во понеделникот, откако Мик Џегер се покажа позитивен на Ковид-19, објави легендарниот рок бенд.

    „Ролинг Стоунс длабоко жалат за вечерашното доцнење, но безбедноста на публиката, другите музичари и персоналот на турнејата е приоритет“, се вели во соопштението.

    Џегер добил симптоми на Ковид-19 при пристигнувањето на стадионот Јохан Кројф Арена во Амстердам.

    Организаторите на концертот од бината и соопштија на публиката дека концертот е одложен, час и половина пред концертот.

    „Тој не може да пее, не може да настапува“, им рекол неименуван говорник на обожавателите, мислејќи на 78-годишниот Џегер.

    „Денес нема концерт. Така е“, додаде тој.

    Амстердам требаше да биде трет концерт на европската турнеја „Stones Sixty“, откако во четвртокот настапија во Ливерпул.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img