Пред неколку дена на брегот на хрватскиот остров Јакљан беше забележана супер јахтата на американскиот милијардер Џеф Безос, што предизвика шпекулации дека основачот на Амазон летува со нашите јужни соседи. Сега мистеријата е решена, бидејќи синоќа Безос се прошета во познатиот Дубровник во друштво на својата свршеница Лорен Санчез. Тие не беа сами на романтичната вечерна прошетка, друштво им правеа неколку познати фаци.
Посетителите на Дубровник синоќа беа изненадени од многу познати фаци кои се прошетаа по познатата улица Страдун. Во близина на познатиот хрватски град деновиве се закотви јахтата на американскиот милијардер Џеф Безос. Заедно со неговата свршеница Лорен Санчез во средата навечер уживаа во прошетката низ центарот на стариот град.
Сепак, Безос и неговата свршеница не беа единствените кои пристигнаа во Хрватска со супер јахта вредна 500 милиони долари.
Многу познати фаци летуваат со нашите јужни соседи. На турнејата низ Дубровник се дружеа и со брачната двојка, пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум.
И американскиот пејач Ашер малку повеќе во позадина се прошета низ Дубровник. Ашер уживаше во глетката и фотографираше и снимаше историски знаменитости додека фотографите ги бркаа неговите познати пријатели. Иако се гледа на неколку фотографии, тој е во втор план, па оваа прошетка сигурно му била невообичаено приватна и опуштена. Тој прошета по познатата улица Страдун во кошула со шарен дезен и бели панталони, пренесува јутарњи.хр.
Јахтата Кору на Безос е закотвена на брегот на хрватскиот остров Јакљан последните неколку дена. Според апликацијата за следење на бродот VesselFinder, јахтата пристигнала таму од Албанија. Јахтата долга 127 метри е една од последните аквизиции на американскиот милијардер. Кору е во флотата на Безос од оваа година и може да прими 18 гости, за кои се грижат најмногу 40 членови на екипажот. Вреди половина милијарда долари, а за негово одржување годишно мора да се издвојуваат околу 25 милиони долари.
Има и интересен инцидент поврзан со бродот, кој се случил за време на изградбата во бродоградилиштето во Ротердам. Повеќе за заплетот во статијата: Јахтата на американскиот милијардер Џеф Безос се закотви во Хрватска.