Џастин Тимберлејк принуден да ги намали картите за концертот – само осум евра!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот пејач Џастин Тимберлејк се наоѓа на турнеја, а најнова информација е дека морал да ги намали цените на билетите за концерт откако пред извесно време беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, пишува британски „Сан“.

На некои продажни места билетите се продавале за само осум евра.

Станува збор за билети за неговата светска турнеја „The Forget Tomorrow World Tour“. Пејачот не успеал да распродаде ниту една голема арена во САД, а цените на билетите првично биле околу 100 долари. Неговиот тим стравува дека проблемите со турнејата во комбинација со недостатокот на комерцијален успех на последниот албум, „Everything I Thought I Was“, ќе се одразат лошо на Џастин.

 

 

Да потсетиме, Џастин беше уапсен во јуни, откако три пати одбил алкотест и тврдел дека испил „само едно мартини“, пишува „Њујорк пост“.

„Очите му беа крвави и стаклени, здивот му мирисаше на алкохол, не можеше да се концентрира, говорот му беше бавен, одеше нестабилно и падна на сите стандардни алкотестови“, се наведува во полицискиот извештај.

Полицаецот рачно напишал во извештајот дека музичката ѕвезда Џастин Тимберлејк бил „неурамнотежен“ додека одел по патот и не можел „правилно да ги следи упатствата“. Полицаецот во рутинската патрола рекол дека Тимберлејк со својот автомобил поминал на знакот за стоп и излетал од својата лента.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article