Џамбазов остро „удри“ по „кафеанџиите“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најпознатиот шоумен во Македонија, актерот, пејач и водител, Игор Џамбазов им се налути на „кафеанџиите“, поточно на сопствениците кои за многу повеќе пари ангажираат полуанонимни пејачи и пејачки од Балканот, наместо да повикаат македонски изведувачи.

Џамбазов на својот Instagram профил јавно се обрати, а потоа истото го сподели и на Facebook.

– Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен … дур сум жив. Идемо садаааа … Балкан горииииии … – напиша Џамбазов.

По објавата на Игор, следеше реакција и од останати македонски изведувачи кои во целост застанаа зад Џамбазов.

 

Share This Article