Џафери вели дека во предлогот пишува македонски јазик

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук објави дека пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при обраќањето пред пратениците е јасна – во ревидираниот предлог стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет.

„Јасната порака на Фон дер Лајен: внимателно ги слушав сите грижи искажани во однос на македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ. Предлогот го почитува исто така вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас. Можете да сметате на мене – како претседател на Европската комисија да осигурам дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество, стои во објавата на претседателот на Собранието на Фејсбук.

Share This Article