Џафери вели дека сите сме засегнати, но дека насилството не е начин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги осуди синоќешното насилство за време на протестот против францускиот предлог пред Собранието.

„Синоќа, законодавниот дом беше повторно мета на лицата што протестираа, кои со насилно однесување, хулиганство, користење тврди предмети, изразување вербални закани и поттикнување омраза кон сите кои не мислат како нив, го изразија својот став и мислење во однос на францускиот предлог. Јас признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став, меѓутоа, тоа не значи да се повредуваат полициски службеници кои ја извршуваат својата должност, тоа не значи да се предизвика материјална штета која повторно ќе се одрази негативно врз сечиј буџет, и тоа не значи да се искажува навреда и да се поттикнува омраза кон припадници на друга заедница, рамноправни граѓани на Република Северна Македонија. Сите сме засегнати од актуелната политичка, безбедносна, економска ситуација и сите заедно ќе придонесеме во што побезболно надминување на истата, меѓутоа не на овој начин, ова не е решение“, се наведува во соопштението од Џафери.

Тој ги повика сите заинтересирани сниматели да дојдат и да го снимат надворешниот дел на собраниската зграда после 11 часот за да посведочат за последиците од синоќешното дивеење пред Собранието.

Share This Article