More

    Џафери вели дека остава простор да се донесе одлука во интерес на граѓаните

    spot_img

    Седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор да се донесе одлука во интерес на граѓаните, истакна вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21.

    Според него, процедурите дозволуваат седницата за гласање на уставните измени да стои отворена се додека не се обезбедат потребните гласови.

    – Нема за тоа рок кога треба да се затвори. Може да се затвори веднаш, тоа е најлесно, но што ќе добиеме со тоа. Вака даваме простор на сите добро да размислат и да донесат одлука во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата и парламентарните избори кои следат – рече Џафери.

    Претседателот на Собранието посочи и дека според Пржинскиот договор, техничкиот премиер ќе биде Албанец.

    -Договорот од Пржино е на сила и ќе има технички премиер, во врска со тоа ќе биде премиер Албанец – изјави Џафери на ТВ21.

    Спикерот посочи дека техничкиот премиер не е на опозицијата.

    – И техничкиот премиер е под влијание на тоа… Опозицијата не го зема премиерот. Тие добиваат три министерства – појасни Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img