More

    Џафери вели дека на тоа го обврзуваат законските рокови

    spot_img

    Претседателот на Собранието Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.

    Тој денеска објасни дека како претседател на Собранието е должен да обезбеди доволно време за да се организираат изборите, кое што пропишуваат Уставот и законите.

    Џафери ги повтори роковите, но и законската обврска за формирање на техничка Влада пред изборите.

    Партиите од власта и опозицијата се поделени околу организацијата на изборите и датумот на нивното одржување. Власта сака одвоени изборни процеси, односно прво претседателски па неколку месеци подоцна и парламентарни избори, додека опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара споен изборен процес, со објаснување дека така ќе се заштедат пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img