Џафери свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне – ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на средбата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи, а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека нема да присуствува на средбата поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајминог на продолжението на процесот „Жан Моне”.

Претходно на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е очигледно дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа, бидејќи кој и да дојде да работи со сегашниот Деловник, ќе има проблем.

Според него, ваквиот Деловник треба да се донесе во редовна постапка, во две читања и со амандманска расправа. Џафери смета дека со новиот Деловник треба да се решат многу недоречености и проблеми што произлегуваат од сегашниот документ за работа на Собранието, но и да се направат одредени ограничувања, како при носење на одредени закони, така и при избори на одредени функционери.

Во годинешниот Извештај за напредокот на земјата на ЕК, беа посочени низа забелешки за работата на Собранието, меѓудругото и дека „Парламентот треба без натамошно одлагање да ги спроведе договорените предлози за внатрешни реформи за време на третиот круг од „Дијалогот Жан Моне” на почетокот на 2020 година”.

Share This Article