More

    Џафери се изнервира за темата УСБ

    spot_img

    Во однос на УСБ-то со кое обвинуваше опозицијата дека му било испорачано на претседателот на Собранието Талат Џафери, тој во вечерашното издание на емисијата „Вин Вин“ рече дека веќе одговорил на нив и дека понатаму нема потреба ниту да се правда.

    Тој вели дека Собранието е дом на граѓаните, и таму може да влезе кој сака, под услов да ја почитува процедурата. Џафери инсистира дека не води евиденција на сите кои го посетуваат во неговиот кабинет.

    – Мислите дека јас водам евиденција кој влегува кој не влегува. Мислите дека не сум свесен дека може и до таму да оди? Влегувањето во мојот кабинет не мора да значи и физичко влегување, може да е и злоупотреба, ако одиме по претпоставки. Бидејќи вие одите по претспоставки, можам и јас да поставам претпоставка дека некој ме следи, снима и слуша во кабинет. Ја нема никој таа потреба – инсистира Џафери.

    Во однос на претседателските избори, според Џафери, нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Мандатот, како што рече, завршува на 12 мај.

    – Реперот е 12 мај, кога истекуваат 60 дена од мандатот. Вториот круг на претседателските изброи најдоцна може да биде на 5 мај – рече тој.

    Џафери додаде дека парламентарните избори во редовна постапка мора да бидат во последните 90 дена од мандатот на тековниот состав.

    – Прв ден најрано за изборите е 5 мај. Ако сакаме редовни претседателски и парламентарни избори, тие се сретнуваат на 5 мај. Се надвор од 5 мај се предвремени избори и треба да се распушти Собранието – рече Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img