Џафери сѐ уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Собранието Талат Џафери сѐ уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.

– Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време – посочуваат од таму.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека собале околу повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час.

Мицевски појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со прашања што ги тангираат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење.

Во однос на тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието, а дококолку не го помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери“ и истакна оти референдум мора да има.

Share This Article