More

    Џафери ја отвори конститутивната седница новоформираната преодна влада на албански, а потоа и на македонски јазик

    spot_img

    Премиерот Талат Џафери денеска ја отвори конститутивната седница на новоформираната преодна влада, честитајќи им го изборот на сите министри. Тој на почетокот на седницата им порача на министрите да не ставаат слушалки за превод, бидејќи воведното обраќање ќе го прочита на двата јазика. Џафери се обрати прво на албански, а потоа и на македонски јазик.

    – Отворањето на седницата на почетокот ќе го водам на двата јазика, нема потреба од слушалки, зашто ќе го кажам истото. Ви посакувам добредојде во владата на Северна Македонија на првата конститутивна седница на преодната влада на Северна Македонија. Пред да преминеме на усвојување на дневниот ред, на сите членови на владата, во мое лично име би сакал да ви честирам на изборот и да ви поскаам успешна работа и соработка. Пред нас е една клучна задача – подготовка на фер и слободни избори во демократска атмосфера. Во тоа имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со ДИК, и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, со ЕУ и САД за да обезбедиме највисоки европски стандарди во изборната кампања и самите избори за граѓаните слободно да ја изразат својата волја – им се обрати Џафери на министрите.

    На конститутивната седница на преодната влада, присутни беа и министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за внатрешни работи Панче Тошковски и за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img