Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија, информира Јавното обвинителство.
е испитува и евентуално дали има мотив за подметнување на пожарите.
ЈО потврди дека еден од изгорените автомобили е во сопственост на јавен обвинител.
„Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, соопшти Јавното обвинителство.
Ноќеска во Куманово се случиле неколку пожари, во кои изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и два автомобили.
ДУИ реагираше дека пожарите се подметнати и ги оцени како тешки настани, дела од омраза и опасна криза.