More

    ДЕВОЈЧЕ ГИ ЗАГУБИ РОДИТЕЛИТЕ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА НА КРИМСКИОТ МОСТ Фамилијата патувала на одмор за време на кобниот настан

    spot_img

    Семејство од тројца се нашло токму на Кримскиот мост со својот автомобил одејќи на одмор во времето на синоќешната експлозија која го потресе целиот свет, а за кој Кремљ и Киев се обвинуваат меѓу себе. Таткото и мајката, Наталија(36) и Алексеј(40) загинале, а нивната ќерка преживеала бидејќи излетала од шофершајбната. Таа е тешко повредена и е вистинска среќа што останала жива.

    Веста меѓу првите ја објави каналот Меш на Телеграм кој објави видео во кое се гледаат остатоци од автомобилот.

    Ројтерс пишува дека Наталија и Алексеј 16 години биле во брак. Агенцијата Ар-Би-Си напишала дека на мостот се слушнале две експлозии.

    Мајката Наталија работела во пограничниот град Белгород, од руската страна на границата, кој често беше напаѓан. Нејзина колешка од Одделението за образование каде работела вели:

    – Беше многу добра, љубезна и паметна личност. Сега ни е многу тешко да зборуваме за сето тоа. Сè уште не можеме да го разбереме и да го прифатиме тоа што се случи, сè делува како сон – рекла колешката.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img