ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОРАСНАА ЗА 41 МИЛИОН ЕВРА ВО АВГУСТ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 4.469,8 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,3 милиони евра, соопшти Народна банка.

На крајот на јули девизните резерви изнесуваа 4.428,5 милиони евра.

Најголем дел од девизните резерви и во август се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,3%).

Девизните резерви се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната  и централната власт. На централните банки  им служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели.

Основната функција  на девизните резерви е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

Share This Article