Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 3,775 милијарди евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (14,4 отсто) и монетарното злато (10,3 отсто).