More

    Девизи, детокс чаеви и глава за мотор за товарно возило, дел од заплените на Мобилна Царина

    spot_img

    Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови.

    Во два посебни случаи мобилните тимови открија 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од државата преку преминот Табановце без да ги пријават, криејќи ги во чорапи и на различни места во возилата.

    Во првиот случај се пронајдени вкупно 11.100 евра, од кои 7.000 евра биле скриени во чорапите на возачот, додека останатите девизи биле во неговиот паричник и во плико во кабината на возилото. Во вториот случај се откриени 8 илјади евра кои возач на камион ги скрил во кабината на камионот под капакот на автоматскиот менувач. Во двата случаи на возачите, инаку македонски државјани, им се вратени по две илјади евра, сума која можат слободно да ја изнесат од државата, додека останатите девизи се задржани. Против лицата ќе бидат поведени соодветни прекршочни постапки.

    На граничниот премин Блаце, на влез во државата во два посебни случаи двајца косовски државјани се спречени во намерата нелегално да внесат 250 детокс чаеви и нова глава за мотор за товарно возило.

    Детокс чаевите се откриени при контрола на комбе со косовски регистарски таблички под седиштата на возилото, додека главата за мотор за товарно возило е откриена во патничко возило со косовски регистарски таблички, во багажникот покриена со ќебе и јакна.

    И во овие случаи непријавените производи се привремено задржани, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни постапки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img