More

    Девет мртви, повеќе од 50 ранети во предградие на Чикаго

    spot_img

    Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Стотици луѓе почнале да бегаат во паника.

    Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника.  Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети.

    Според странските агенции, има најмалку девет мртви и повеќе од 50 ранети.

    Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала.

    На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img